Совршено женско тело: Ова за мажите е најзгодната жена

Ако ги прашате мажите и жените како изгледа совршената жена, ќе добиете два различни одговори. Истото важи и за совршениот маж.

 

Британската куќа Bluebella, која произведува долна облека и секси играчки, спроведе истражување за да ги конструира совршениот маж и жена.

 

Воопшто, според жените, совршената жена е нешто повитка отколку што би сакале мажите. Кај совршените мажи, пропорциите се воглавно исти. И едните и другите треба да имаат послабо торзо и нозе од фудбалер.

 

Мажите, идеалната жена би ја составиле од косата на Скарлет Јохансон, лицето на Меган Фокс, градите на Ким Кардашијан, половината од британската глумица Мишел Киган, колковите од нејзината колешка Кели Брук и нозете од Рози Хантингтон Вајтли.

 

Жените повеќе се за коса од војвотката од Кембриџ, лице од британската манекенка Каре Делевин, градите на Џенифер Анистон, половината на Гвинет Палтроу, колковите на Ема Вотсон и нозете на Ел Мекферсон.

 

Женскиот идеален маж има коса од Хари Стејлс, лице од Дорнан, бицепси од Бред Пит, торзо од Дејвид Ганди и нозе од Дејвид Бекам.

 

Мажите за идеално нешто ја сметаат косата на Бред Пит, лицето од Дејвид Бекам, бицепсите на Хју Џекман, торзото на Рајан Гослинг и нозете од Френк Лампард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот