Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за Сирија

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ќе се состане по повод најновиот развој на ситуацијата на северозападот од Сирија, изјавија дипломати.

Седницата е свикана на барање на САД, Велика Британија, Белгија, Германија, Естонија, Франција и Доминканска Република, пренесуваат британските медиуми.

Бегалците во Турција денеска се упатија кон европските држави бидејќи турски официјален претставник изјави дека Анкара ќе ги отвори границите како одговор на ескалацијата на судирите во Сирија, каде вчера погинаа 33 турски војници во напад на сириските владини сили, кои се поддржани од Русиja.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот