Состојбата во Грција се влошува: 248 новозаразени, починаа три лица

Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон/ Фото: ЕПА

По четири дена под 200 случаи и намален број новозаболени, денеска во Грција повторно е зголемен бројот на заразени со коронавирусот, односно според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрирани се 248 случаи на ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемен е и бројот на приклучени на апарати, од 42 вчера, денеска се 46, додека пак починаа уште три лица.

Од новите 248 случаи, 98 се во Атика, поширокиот регион на Атина, а 19 по направените тестови на влезните точки во земјата. Останатите се во над 20 различни делови на земјата.

Во Грција, од почетокот на епидемијата заразени се 12.080 лица, а регистрирани се 293 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот