Сослушувањето на Ѓоковиќ во сабота навечер во 23.30 часот по средноевропско време

Новак Ѓоковиќ наскоро ќе дознае дали ќе игра на „Австралија опен 2022“/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Сослушувањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред Федералниот суд во Австралија во врска со повторното одземање на визата ќе се одржи во сабота, а како што беше одлучено на подготвителното рочиште, првиот светски рекет документацијата треба да ја достави до пладне по локално време, додека обвинителот има уште десет часа подолг рок.

Рочиштето кое се одржа нешто по полноќ беше прекинато поради несогласувања околу бројот на членовите на судскиот совет. Одбраната на Ѓоковиќ побара тричлен совет поради објективноста, што државниот обвинител не го прифаќа, па одлуката ќе биде донесена дополнително.

– ДОКОЛКУ СУДОТ ОДЛУЧИ ПРАВДАТА ДА ЈА ДЕЛАТ ТРОЈЦА СУДИИ, ТОГАШ АВСТРАЛИСКИОТ МИНИСТЕР ЌЕ БИДЕ СО „ВРЗАНИ РАЦЕ“

Од голема важност е одлуката на судот – колку судии ќе го водат процесот против Новак. Дали тоа ќе биде само О’Калахан или ќе имаме судски совет. Порталот „The Age“ откри зошто е ова толку важно. Доколку судијата одлучи да го суди случајот, тогаш австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок нема да може да поднесе жалба на одлуката на судот.

Тоа автоматски значи дека Хок останува без адутот за кој се зборуваше (нова жалба на пресудата) во случај Владата да го загуби овој судски процес.

Новак Ѓоковиќ девет пати ја освојуваше титулата на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Судијата О’Калахан укажа на можноста сослушувањето на Ѓоковиќ да биде пред целосен состав на Федералниот суд во Мелбурн, наместо да биде сослушан од еден судија.

„Утре наутро може да се свика судот во полн состав“ – рече судијата.

Како што јави специјалниот известувач на „РТС“ од Мелбурн, Саша Јанковиќ, ова е чисто процедурално рочиште, пред последното рочиште, кое според македонско време е закажано за во сабота навечер. Ѓоковиќ го следеше подготвителното рочиште од канцеларијата на неговите адвокати.

Гојковиќ: Ѓоковиќ беше позитивен на ковид-19, не може да биде казнет

Судењето ќе се одржи во сабота, на 15 јануари, во 09.30 часот по локално време, а по средноевропско во 23.30 часот.

Министерот за имиграција, Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи дека тоа е „во јавен интерес на Австралија и со цел да се заштити јавното здравје“.

Неговата одлука ја поддржа и премиерот Скот Морисон, кој изјави дека тоа е направено со цел да се „заштитат сите жртви што Австралијците ги претрпеа за време на пандемијата“. Нејасно е како Ѓоковиќ е „закана за јавното здравје“ во Австралија кога е здрав, додека некои тенисери во меѓувреме добија позитивни тестови на коронавирус.

Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Ролан Гарос

Но, она што најмногу ја интересира јавноста е кој има поголема моќ во овој случај, одлуката на еден министер или судот што ќе ја разгледува.

Во првата постапка пред судот во Малбурн му беше вратена визата на Ѓоковиќ. Доколку Федералниот суд ја прифати жалбата на Ѓоковиќ и му ја врати визата, тој в понеделник ќе настапи на „Австралија опен“ во првото коло каде го чека неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Гојковиќ: Ѓоковиќ беше позитивен на ковид-19, не може да биде казнет

 

ОВА НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Експерт за имиграција остро ја осуди депортацијата на Ѓоковиќ

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Австралијците направија многу жртви за време на оваа пандемија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот