Гојковиќ: Ѓоковиќ беше позитивен на ковид-19, не може да биде казнет

Новак Ѓоковиќ знае кога точно го прочитал мејлот/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Српскиот покраински секретар за здравство, Зоран Гојковиќ вели дека Новак Ѓоковиќ има валиден документ дека беше позитивен на коронавирус во декември.

По седницата на Кризниот штаб на Србија, во своето обраќање пред медиумите, новинар на „Си-Ен-Ен“ се осврна на темата Новак Ѓоковиќ и документот кој беше објавен.

– Со можност да бидам кривично гонет од Новак Ѓоковиќ, секое објавување медицинска документација без знаење на граѓанинот е кривично дело – изјави покраинскиот секретар за здравство Гојковиќ.

Тој додаде дека го анализирале документот кој е објавен.

– „Го анализиравме тој документ и тој е апсолутно валиден, а за нас таа приказна е апсолутно јасна. Ѓоковиќ има валиден документ дека беше позитивен“.

Запрашан дали е точно дека Ѓоковиќ еден ден подоцна бил информиран дека е позитивен, Гојковиќ вели дека тоа е прашање за Новак „кога тој го видел и отворил мејлот“.

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Австралијците направија многу жртви за време на оваа пандемија

– Тој документ беше проследен на адреса на пациентот тој ден во доцните вечерни часови. Не можам да коментирам што направил потоа. Тоа е прашање и за него и за работата на другите државни органи – се зборовите на Гојковиќ..

На прашањето дали биде требало Ноле да биде казнет поради признанието дека на 18 декември го прекршил карантот, Гојковиќ рече дека не постои казна со која би можел да биде казнет според законот во Србија поврзана со прекршокот што го направил, доколку го сторил. Доколку ги прекршува мерките за самоизолација што му е изречена од надлежните органи, може да биде вратен само во изолација. И дополнително појаснување – казната за нарушена самоизолација може да се изврши само во вонредна состојба – вели Гојковиќ.

Тој исто така нагласи дека му е жал што Новак не е вакциниран.

– Вакциниран сум и јас и сите во мојата околина, пораката на Владата е сите граѓани да се вакцинираат. Некои прифаќаат, а некои не. Живееме во слободен свет. Искрено, многу ми е жал што Новак не беше вакциниран, но исто така ја бранам неговата слободна волја, иако апсолутно не се согласувам со тоа – истакнува Гојковиќ.

Ѓоковиќ и – не е можно!?

Според него постои широк концепт меѓу слободата на вакцинација и здравјето и дека во овој момент никој нема одлука дека сите мора да се вакцинираат.

– Како доктор и некој што ги знае придобивките од вакцинацијата, не се согласувам со тоа, но очигледно не успеваме да ја доставиме до сите. Преплавени сме од дезинформации – заклучува Гојковиќ во обраќањето до медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот