Сопругата на Шумахер по 8 години од несреќата: Ни недостасува Михаел, иако сè уште е тука

Фото: EPA - EFE

Корина Шумахер, сопругата на легендата во „Формула 1“, Михаел Шумахер, прозборе за него во едно од ретките интервјуа. За првпат по осум години, во интервју за новиот документарец на „Netflix“ наречен „Schumacher“ чија премиера е најавена за 15 септември, таа зборуваше за неговата состојба.

„Ми НЕДОСТАСУВА Михаел секој ден, но не само мене, туку и нашите деца, семејството, татко му, сите блиски. На сите им недостасува Михаел, но тој сè уште е тука. Поразличен, но тука е. Тој сè уште ми покажува колку е силен, секој ден“, вели таа.

михаел шумахер
Фото: EPA/JENS BUETTNER

Корина откри дека пред да се случи несреќата на скијање на Алпите, по што беше во кома шест месеци, се пожалил на условите и рекол дека сепак требало да одат на некое друго место на одмор.

„Непосредно пред да се случи несреќата, ми рече дека условите на снегот не се оптимални и дека можеби треба да одиме во Дубаи и таму да скокаме со падобран“, раскажа Корина. Тоа било едно од последните работи што ѝ ги кажал.

Поминаа осум години од несреќата на Шумахер, а семејството, кое се грижи за него во нивниот дом во Швајцарија, ретко споделува детали за неговата состојба. Во новиот документарен филм, Корина зборува и за…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот