Сопругата на Харис Џиновиќ по разводот менува сѐ: Не изгледа дека поминува низ тежок период

Фото: Инстаграм/„Хамел“/Харис Џиновиќ

Веста дека Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат сѐ уште е актуелна во медумите низ регионот. Бројни извори блиски до семејството откриваат дека „парот не живее заедно веќе неколку години“, како и дека „Мелина веќе нашла богат бизнисмен“.

Сега, модната дизајнерка за првпат е „фатена“ во јавноста по веста за пропаѓањето на бракот со легендарниот пејач во продавница за украсување и уредување домови, пишува „Блиц“.

„Мелина беше во продавница за украсување и уредување домови, дојде малку пред затворање. Гледаше душеци, постелнина, рече дека сака нејзината куќа да изгледа сосема поинаку. Гледаше многу работи, па преговараше со продавачите што сакала и колку ѝ требаат парчиња“, рекол анонимен извор за српските медиуми.

„Беше дотерана од глава до пети, како и секогаш, беше сама. Трпеливо разговараше со работниците, напомена дека има визија како сака да изгледа секој детаљ и е решена да го направи својот дом по нејзин вкус. Неколку пати се насмевна, се чини како да не поминува низ тежок период“, додал тој.

Инаку, Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година и добија две деца, синот Кан и ќерката Џина, а се венчаа 12 години подоцна. Како што пишува во медиумите, во последниве години, Мелина и Харис, наводно, се обидувале да ги подобрат нарушените партнерски односи кои биле разнишани откако се вселиле во нова куќа.

Харис Џиновиќ се разведува: „Веќе се исели од нивната вила, сопругата остана таму со децата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот