Харис Џиновиќ се разведува: „Веќе се исели од нивната вила, сопругата остана таму со децата“

Фото: Инстаграм/„Хамел“/Харис Џиновиќ

Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат, пренесуваат регионалните медиуми. Се наведува дека нивната врска веќе некое време не е најдобра и дека моментално ова е најдобрата одлука за нив и нивните деца.

„Харис веќе се исели од нивната вила во Сењак, а Мелина остана таму со децата. Процесот на развод е во тек, а подоцна ќе се утврди како ќе биде распределен имотот“, изјавил извор близок до ова семејство.

Инаку, родителите на Мелина на почетокот не ја одобрувале оваа врска поради 30-годишната разлика меѓу неа и Харис, но тоа не ги спречило да се венчаат и да основаат семејство.

„Лудо се заљубив во мојот сопруг и отидов со него без да размислувам за ништо друго, што на крајот испадна одлично. Сепак, од оваа гледна точка, шансите да се случи тоа се навистина мали. Не знам колку луѓе се залетале како нас и успеале да функционираат долго и добро како нас. Знаете што велат – ‘блиц брак, експрес развод’. Но, ние се поврзавме“, изјави Мелина минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот