Сообраќајка во близина на Демир Хисар, двајца тешко повредени

сообраќајка
Илустрација

На 30.08.2019 во 19.55 часот на местото викано „Прибилечки кривини“, атар на с.Прибилци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од с.Сладуево и патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(41) од с.Вирово – Демир Хисар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и неговиот сопатник М.С.(27), по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Демир Хисар, се наведува во дневниот билтен на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот