СОНК бара наставата во првите две недели да биде онлајн

Македонија училиште ученици наставник професор
Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК) побара од Министерството за образование и наука и Владата да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие во основното и средното образование, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епидемиолошката сосотојба во земјата.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека во време на висок процент на заразени и ниски температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.

– Ако се погледнат бројките на дневно ниво на заразени од ковид-19 и ако стручните лица кажуваат дека пикот се уште не е постигнат, оправдано стравуваме дека пикот може навистина да се случи во училиштата и многу ученици и наставници да се заразат. Таквата состојбата ќе биде сериозна, вели Неделков.

Тој вели дека сите се свесни за опасноста од омикрон-сојот кој се шири побрзо и полесно, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај ковид-19, може да има и ширење на грип, настинки и друго.

– Затоа бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката сосотојба. Првично предлагаме наставата две недели да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден – додава претседателот на СОНК.

Наставата во основното и средното ќе започне на 1 февруари со физичко присуство, велат од владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот