Солскјер крои шампионски тим, Мегваер официјално нов играч

twitter.com/manutd

Уште од претходно се најавуваше дека Мегваер ќе потпише за „црвените ѓаволи“…

Официјално потпиша договор на шест години со Манчестер јунајтед, со опција истиот да биде продолжена на уште една сезона.

За неговиот досегашен клуб Лестер следува обесштетување од дури 90 милиони евра. Со овој трансфер го надмина Виржил ван Дајк од минатото лето (85.000.000) и стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

– Пресреќен сум што потпишав за ваков одличен клуб. Уживав во играњето за Лестер и сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, како и на навивачите на одличната поддршка во изминатите две сезони. Кога Манчестер испрати понуда, тоа беше неверојатна можност. Многу сум возбуден поради визијата на клубот и шансата која ми се даде. Сакам да освојувам трофеи – рече Мегваер.

View this post on Instagram

Welcome, @HarryMaguire93 ? #MUFC

A post shared by Manchester United (@manchesterunited) on

Пофални зборови за овој дефанзивец имаше и менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

– Тој е еден од најдобрите дефанзивци и мило ми е што одлучи да биде со нас. Има повеќе квалитет во својата игра, а најдобро е тоа што феноменално ја чита играта. Мислам дека многу добро ќе се вклопи во нашата екипа – вели Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот