Собранието од Дом на демократијата се претвори во „гладијаторска арена“ – упатените со совет, што треба да се промени

Дали пратениците се само партиски војници или може засебно да одлучуваат, зошто гласот на пратеникот е само притискање копче во согласност со координаторот на пратеничката група, може ли да се очекува поинаква атмосфера во законодавниот дом во следниот парламентарен состав по изборите – ова се дилемите кои подолго време се отворени поради силната поларизација во Собранието но и силната координираност внатре во пратеничките групи – ако така одлучила партијата, мора сите да го притиснат истото копче на тастерот. Многу често има реакции од упатените дека македонското Собрание не е веќе демократска туку гладијаторска арена, а таму често пати не се бираат ниту зборови ниту адути со што ќе се нападне опонентот.

Според поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска, во минатото имало поинаква атмосфера во Законодавниот дом.

„Се разликуваа патиштата, а целта беше иста. Македонија како да стане независна држава. Македонија после потпишувањето на декларацијата на независност, чијшто сум потисник и за што сум особено горда, стана независна држава и оттогаш досега поминаа 34 години и имам впечаток дека секој состав почнувајќи од 90-та година, па наваму е послаб во својот капацитативен, ако сакате и интелектуален, а да не зборувам и за принципелниот однос на секој пратеник за која било тема“, рече поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска во ТОП ТЕМА на Телма.

На прашањето зошто веќе нема ентузијазам, а постои некаков вид на примитивизам, недоличен речник во собранието, поранешниот пратеник Макрадули вели дека целиот фокус е кон владата.

„Веројатно ентузијазмот се изгубил заради тоа што владата го поклопила собранието и работата и фокусот сите го гледаат во владата. За жал, една од работите, еве две кои повеќе ми сметаат или со кои не се сложувам, е тоа што имало случаи кога пратеничката група поднесува закони, а од влада викаат „не знаеме, пратениците го поднесоа тоа“. Мора да сфатат дека е тоа еден ист тим“, изјави поранешниот пратеник Јани Макрадули.

Во врска со вокабуларот, екс-пратениот Рамадани нагласи дека користел филозофија на Ганди. Според него, перцепцијата за наративот за национализам е релативна категорија.

„Сум кажал на говорница дека „не можете да ме навредите или повредите колку што можам јас да издржам“. Внимаваме во тие лични навреди. Ние во ставовите посебно ПДП зтоа што беше време кога се отвораше вреќата на незадоволство во однос на јазикот, правата, партиципацијата во институциите. Дебатата можеше да биде и жестока и долга, рече“ поранешниот пратеник Исмет Рамадани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот