Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот, локалните власти го заборавија празникот

Фото: Слободен печат

Традиционално и годинава во организација на Сојузот на борци од Тетово пред Споменикот на револуцијата беше одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Се интонирање на македонската химна пред споменикот беше оддадена почит на загинатите во Народноослободителната и антифашистичка војна. Букети свежи цвеќиња положија делегации на Сојуз на борци, здруженија како и претсавници на политички партии.

„Ставајќи се на страна на антифашистичките сили, НОБ и антифашистичката војна ја легитимираат Македонија како дел од цивилизираниот свет. Македонија соодветно и партиципираше и со жртви на оваа тоталитарна идеологија. Пред сè поради фактот што целосно се вклопуваше во освојувачката стратегија на Третиот Рајх, како важна стратешка точка на Југоисточна Европа дефинирана уште од Бизмарк. Токму поради таквата своја положба, Македонија потпадна под германско-бугарска и италијанско-албанска окупација, соочувајќи се со идеите за Голема Бугарија и Голема Албанија. Дури и денес, официјалните истории на овие две држави го употребуваат поимот „ослободени краишта“. Во ова одбележување од поразот на фашизмот во Втората светска војна, навраќањето на овој датум е наша потреба. Споменот на него не смее да се потисне во заборав, пред сè поради фактот што НОБ и АСНОМ ја создадоа современата македонска држава. Тој чин ги обврзува сите генерации, споменот на овој датум да го чуваат со највозвишени чувства, се вели во дел од рефератот реферат кој беше прочитан пред присутните, а изработен од професорот Славчо Јовановски.

И годинава локалните власти не му оддадоа значење на празникот, а на одбележувањето пред Споменикот на револуцијата општинските власти немаа испратено ниту свој претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот