Со велосипеди до седум пратенички места: Коалицијата „Можеме“ е најголемо изненадување на изборите во Хрватска (ВИДЕО)

Осум дена пред парламентарните избори во Хрватска, ХРТ објави анкета за рејтингот на политичките партии, направена од агенцијата Рејтинг.

Според анкетата, на вчерашните избори требаше да победи коалицијата Рестарт предводена од опозициската СДП. ХДЗ требаше да освои 6 мандати помалку од СДП, а на пример коалицијата ,,Можеме“ предводена од Томислав Томашевиќ два мандата. Три дена пред изборите, самата коалиција ,,Можеме“ објави дека имаат три сигурни мандати.

Но, вчерашниот ден во Хрватска донесе бројни изненадувања.

Најголемо од нив беше коалицијата ,,Можеме“ формирана од поранешниот висок партиски функционер на СДП, Томислав Томашевиќ, која освои 7 сигурни места во хрватскиот парламент.

Оваа коалиција е формирана на база на различности и граѓански активизам, а имаше сосема неформална, необична и модерна граѓанска кампања. Се одликуваа со едноставност, шарм, скромност, без големи ветувања. Хрватска ја поминаа главно на велосипеди и со волонтери кои ги пренесуваа пораките на ,,Можеме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот