Со секира си ја отсекол ногата: Сам се лечел по пад од мотор, па искрварел до смрт

Фото: Илустрација

Живко Блажев (79) починал во семејната куќа во селото Вачки Брег во близина на Сомбор, откако сам со секира си ја отсекол ногата и поради тоа искрварел до смрт. Неговото тело е пронајдено во неделата.

– Полицијата забележала дека на починатиот човек му недостасува едно стапало и телото го испратила на обдукција. Утврдено е дека старецот пред неколку дена паднал од мотор и ја скршил потколеницата. Иако се здобил со повеќе разлчни повреди и скршеници, тој не отишол на лекар, туку се обидел сам да ги санира повредите – вели соработник близок до истрагата.

Се верува дека 79-годишниот маж имал силни болки, поради кои одлучил со секира да си го пресече стапалото.

– Од болка веројатно паднал во несвест, поради што потоа искрварел до смрт – вели соговорникот на спрски „Информер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот