Со полиција и војска против пандемијата: Критично во Мадрид – нов карантин за граѓаните (ФОТО)

epa08685751 A local policeman (R) chats with a resident in the neighborhood of Puente de Vallecas, in Madrid, Spain, 21 September 2020. Local authorities launched a plan to avoid the spreading of coronavirus, from 21 September, limiting journeys of people residing in 37 health areas of the region. Around 855,000 residents can only leave their neighborhoods to go to work, go to university or visit a medical center, among others. More than 200 local policemen will randomly control residents to prevent infringements. EPA-EFE/VICTOR LERENA

Денеска на сила стапи ограничувањето на движење за 855.000 жители на 37 квартови во Мадрид и неговите предградија каде живеат најголем број од заразените од коронавирус.

Повеќе од 200 полицајци се наоѓаат на излезите на тие населби, патиштата и подземните железници, пропуштајќи ги само оние кои одат на работи, на училиште, од здравствените установи, судовите или оние кои се грижат за други лица. Влез и излез ќе биде дозволен само за вршење на тие нужни активности во текот на наредните 14 дена со можност за продолжување, зависно од епидемиолошката ситуација.

Парковите затворени, се друго работи само до 22 часот

Кафулињата, рестораните, продавниците, хотелите и спортските центри смеат да користат само 50 отсто од капацитетите на својот простор додека парковите се затворени. Работното време е ограничено до 22 часот за аптеките, бензинските пумпи и здравствените установи. На едно место смеат да се соберат најмногу 6 лица.

Ограничено движењето на жителите на Мадрид, парковите затворени/ Мадрид, 21 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Мерката која ја најави регионалната влада во петокот опфати 26 квартови во Мадрид, главно на југот и југоистокот, меѓу кои се и дел од Валекаса, Усера и Карабаншел. Тоа се традиционално сиромашни работнички делови од градот со бројна мигрантска популација. Становите се многу помали од оние во центарот и на северот од градот. Во нив живеат повеќе луѓе, па домашните често мора да излегуваат надвор со што се во допир со соседите, пријателите и минувачите и се зголемува можноста за ширење на вирусот.

Со мерката се зафатени и 11 предградија вклучувајќи ја и некогашната индустриска населба Дуенлабрада.

Затворени квартовите и населбите со по 1.000 заболени на 100.00 жители

Во тие квартови и населби во последните 2 недели дијагностицирани се околу 1.000 случаи на коронавирус на 100.000 жители додека просекот на Мадрид е 643, а на Шпанија 257. Во останатите делови од Мадрид, вклучувајќи го и поширокиот центар со знаменитостите, нема посебни мерки освен носењето маски што е задолжително секаде, како на отворено, така и во затворен простор.

Ограничувањето на движењето ќе трае 14 дена со можност да се пролонгира/Мадрид, 21 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Полицијата порача дека во текот на денов и утре нема да ги казнува лицата фатени во кршење на мерките, а од среда ќе наплатува казни по 600 евра.

Регионалната влада на Мадрид со оваа мерка настојува да го сузбие ширењето на коронавирусот кое наново букна од почетокот на септември, откако луѓето се вратија од годишните одмори, а децата повторно тргнаа на училиште.

Полицијата од среда ќе ги казнува оние кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки/ Мадрид 21 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/VICTOR LERENA

Од почетокот на пандемијата во Шпанија се инфицирани 640.040 жители од кои 187.045 се во Мадрид и околината. Починаа вкупно 30.495 лица од кои 9.000 живееле во главниот град и неговите предградија.

Мадридските власти бараат помош и од војската

Шефицата на регионалната влада на Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, денеска побара помош од војската за борба против зголеменото ширење на коронавирусот во и околу главенниот град на Шпанија.

Шефицата на регионалната влада на Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, денеска побара помош од војската/ Мадрид, 21 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/EMILIO NARANJO

Локалните власти во Мадрид наредија делумен карантин во некои посиромашни области предизвикувајќи протести за време на викендот.

– Потребна ни е помош од армијата за дезинфекција и за зајакнување на локалната полиција и спроведување на законот, рече Дијаз Ајусо на брифинг со медиумите по состанокот со шпанскиот премиер Педро Санчез во обид се го намали ширењето на вирусот.

Таа исто така побара да се обноват импровизираните болници во Мадрид. Пред околу три месеци, тие беа отстранети кога Шпанија излезе од строг карантин по намалувањето на бројот на новозаразени.

Сред првиот бран на епидемијата во март-април, илјадници војници беа распоредени во Шпанија за да помогнат во борбата против вирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот