Со мистериозен вирус заразени над 500 основци во Германија

Ученици со маски / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Над 500 ученици, но и наставници, во основно училиште во германскиот град Лајпциг, се заразени со вирус – сè уште непознат за лекарите.

Германски медиуми пишуваат дека сите заразени имаат различни симптоми, но, посебно се истакнуваат висока температура и дијареа. Нивните тестови на коронавирус се негативни.

Само во понеделникот беа пријавени над 100 нови заразени, пишува списанието Феникс.

– Доколку има повеќе заразени во една јавна установа, за толку краток временски период, а лицата се жалат на дијареа и температура, може да станува збор за норовирус. Ако лицето го донесе вирусот во училиште, многу лесно се пренесува. Но, по неколку дена, неудобните симптоми, најчесто се повлекуваат, изјави доктор Кристоф Шпехт за германскиот медиум РТЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот