Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти

Фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

Најмалку шест од 10 лица кои прележале коронавирус се ранливи на бразилската мутација П1, покажа истражувањето на градот Манаус, во државата Сао Паоло.

Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор”.

Истражувањата ја покажаа „шокантната брзина” со која П1 стана доминантен во Бразил, за само осум недели од појавувањето.

Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло изјави дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата кои биле создадени за време на првата инфекција со коронавирусот не делуваат против мутацијата П1.

– Едноставно кажано – од 100 луѓе кои имале Ковид-19, меѓу 25 и 61 се подложни на мутацијата П1. Се запрепастивме кога видовме со колкава брзина расте бројот на пациенти, рече Сабино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот