Слободни околу 7.000 работни места

На веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири.

Одговорајќи на новинарско прашање Демири рече дека во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле  слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ  работник, хигиеничар на производствени работни простории, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач за заштита на лица и имот, хигиеничар на станбен и деловен  простор, ѕидарски работник, армирачки работник, тесарски работник и други занимања.

Директорот Демири појасни дека Агенцијата за вработување е институција која работи според законски прописи, води евиденција на невработените лица и имлементација на Оперативниот план за програми и мерки и во таа насока, како што рече, Агенцијата  е само како посредник на објавување на огласите на работодавачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот