„Слободен печат“: Макрон – свртничар што може да ја крене рампата кон ЕУ?

Во печатеното издание на „Слободен печат“ ќе прочитате

 

Хроника

По Брисел, и Париз и Вашингтон во дипломатска офанзива кон Софија:

Макрон – свртничар што може да ја крене рампата кон ЕУ?

-Францускиот претседател телефонски разговараше со премиерите Ковачевски и Петков, како и со бугарскиот претседател Радев, со цел „да се поттикнат двете земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив“.

-И заменик-државната секретарка на САД Карен Донфрид во Софија имаше средба со Радев, на која се говорело и за напредокот во процесот на евроинтеграцијата на Западен Балкан како стратегиска цел за поддршка на безбедноста и стабилноста на Европа.

 

Пратениците си зедоа голем одмор на неодредено време: Наместо во постојано заседание, Собранието во целосен застој

Заглавени се десетици закони, а не се одржа ниедна седница ниту на некоја од комисиите, ниту на кое било друго собраниско тело, ниту пак е закажана пленарна седница.

 

Помирување меѓу СПЦ и МПЦ-ОА: Со литургијата зацелена раната стара 55 години

Српскиот патријарх Порфирие рече дека по 55 години е залечена длабоката и болна рана на расколот, а поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија за канонско единство

 

По напливот на пријави за поставени бомби во Србија, БиХ, Црна Гора и Хрватска: Македонија е безбедна додека лажни бомби го тресат регионот

Земјава засега не е директна цел на хибридни закани, но ова безбедносно прашање не смее да се потцени,  е заклучокот на безбедносните експерти за соочувањето на Македонија со хибридните закани

 

Економија

За една година бројот на невработени се намалил за речиси 28.000: Се зголемила вработеноста или младите се отселиле?

Голем дел од невработените што се пријавија во Агенцијата за вработување поради економските мерки поврзани со невработеноста, сега самоиницијативно престанаа да се евидентираат како баратели на работа

 

Свет

Украина, битката за Мариупол не е завршена: Од „Азовстал“ се предале 1.730 борци, стотици префрлени во логор во Русија

Повеќе од 900 борци евакуирани од „Азовстал“ веќе се префрлени во „казнена колонија“ на украинска територија контролирана од руските сили, во градот Оленивка во областа Доњецк, објави руското Министерство за надворешни работи

 

Скопје

На барање на граѓаните се враќаат маалските полицајци: Позорникари ќе се грижат за безбедноста на секое маало во Центар

Враќањето на маалските полицајци е голем чекор во зголемување на безбедноста, но и на соработката меѓу граѓаните и полицијата, тврди градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

 

Спорт

Фудбалски куп на Македонија: Силекс по битка за четвртиот, а Македонија ЃП за вториот пехар во Купот

 

Мозаик

Разговор со д-р Весна Попоска, деканка на Правен факултет: За почеток да почнеме да користиме кирилица на мобилните

Денешните просветители треба да имаат доволно сомилост за да ги разберат различните аспирации, но доволно храброст да ја зборуваат вистината, и доволно пркос да ги погледнат во очи и идните поколенија и сегашните сограѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот