Сликата „Жена со часовник“ на Пикасо продадена за 140 милиони долари

„Femme à la montre“ Фото: Alexi J. Rosenfeld / Getty images / Profimedia

Ремек-делото на Пабло Пикасо од 1932 година, „Жена со часовник“ (Femme a la montre), вчера е продадено за речиси 140 милиони долари на аукција во Њујорк.

Тоа е второто најскапо дело на Пикасо продадено на аукција, достигнувајќи цена од 139,4 милиони долари, објави аукциската куќа „Сотби“. Во 2015 година, „Жените од Алжир“ на Пикасо беше продадена на аукцијата на „Кристис“ во Њујорк за 179 милиони долари.

„Сотби“ соопшти дека сликата од 1932 година, портрет на неговата љубовница Мари-Терес Валтер, била купена од колекционерката Емили Фишер Ландау во 1968 година. Со години седела над каминот во нејзиниот стан во Њујорк. Сè уште не е откриено кој ја купил сликата во средата.

„Жена со часовник“ – Пикасо/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Покрај Пикасо, на дводневната аукција пред традиционалната есенска распродажба следната недела ќе бидат продадени уште околу 120 други дела.

Кон крајот на 1960-тите, по кражбата на накит, Ландау добил голема сума од осигурување и почнал да купува уметнички дела. Со текот на годините ја собра една од најважните светски збирки на модерна уметност, вклучувајќи дела од Џорџија О’Киф, Агнес Мартин, Кит Харинг, Роберт Раушенберг, Сај Твомбли и Роберт Мепплторп.

Извесно време, Ландау водеше и музеј во областа Квинс во Њујорк. Таа почина во март на 102-годишна возраст.

Фото: Instagram / sothebys

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот