СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек
Новинарите на „Слободен печат“ и во новата сезона на информативната емисија „Слободен печат“ редовно ве информираат за најновите случувања во земјата и во светот.
Во емисијата дебатираме и анализираме со нашите соговорници за најгорливите теми во македонското општество, а ви нудиме и интересни гости од сферата на спортот, културата, уметноста и забавата.
Следете вести, извештаи, репортажи и анкети во рамки на емисијата, како и јавувања во живо од терен, навремено, брзо и точно ве информираме за сите настани кои се во фокусот на македонската јавност.
Водител низ содржините на емисијата е Александра Вуксановиќ.
Следете ја емисијата во живо од студиото на Слободен печат, секој работен ден во живо од 9.00 часот на YouTube каналот Слободен Печат ТВ и официјалниот фејсбук-профил на Слободен печат.
Во студиото на „Слободен печат“ гости се: Бисера Костадиновска Стојчевска – Министерка за култура, Теодора Столевска- извршен директор на МОФ и Дора Смилевска – Координатор на дебатна програма на МОФ, Дарија Андовска – декан на ФМУ и Д-р Бојан Бошковски – невролог.