СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек
Новинарите на „Слободен печат“ и во новата сезона на информативната емисија „Слободен печат“ редовно ве информираат за најновите случувања во земјата и во светот.
Во емисијата дебатираме и анализираме со нашите соговорници за најгорливите теми во македонското општество, а ви нудиме и интересни гости од сферата на спортот, културата, уметноста и забавата.
Следете вести, извештаи, репортажи и анкети во рамки на емисијата, како и јавувања во живо од терен, навремено, брзо и точно ве информираме за сите настани кои се во фокусот на македонската јавност.
Водител низ содржините на емисијата е Александра Вуксановиќ.
Следете ја емисијата во живо од студиото на Слободен печат, секој работен ден во живо од 9.00 часот на YouTube каналот Слободен Печат ТВ и официјалниот фејсбук-профил на Слободен печат.
Во студиото на „Слободен печат“ гости се: Алберт Муслиу – аналитичар, Проф Д-р. Петар Дејанов и Проф Д-р. Самуел Садикарио како и Владица Младеновски – Грга – МКЦ.