СЛАВНИОТ РОКЕР ВО БОЛНИЦА: Се обидел да се самоубие?

guns n roses
Илустрација

Поранешниот тапанар на Guns N’Roses, Стивен Адлер, итно е пренесен во болница со убодни рани, за кои се претпоставува дека самиот си ги нанел.

Според полицијата во Лос Анџелес, кога пристигнале на адресата каде било пријавено дека има личност што крвари, го забележале музичарот со убодна рана во стомакот.

За среќа, се работи за плитка убодна рана, а сите наоди досега покажуваат дека Адлер самиот си ја нанел.

Тој подолго време се бори со зависноста од наркотични супстанци, а во 2011 признал дека веќе имал обиди за самоубиство во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот