Слатко од дуњи

Youtube

Состојки:

1 килограм дуњи
1 кесичка лимонтус
1 килограм шеќер
800 милилитри вода

Подготовка:
Зрелите дуњи најпрвин убаво измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки. Потоа
ставете ги во сад во кој ќе ставите обична вода и една кесичка лимонтус. Оваа постапка
е потребно да ја направите се со цел да спречите потемнување на дуњите. Коцките
дуњи потребно е да отстојат најмалку еден час во течноста која сте ја подготвиле од
вода и од лимонтус.

За тоа време, во соодветно тенџере сварете го шербетот.

Кога шербетот ќе зоврие, во него ставете ги дуњите кои веќе сте ги извадиле од водата
и сте ги исплакнале неколку пати.

Оставете ги дуњите да се варат во шербетот околу 5 минути.

Повремено проверувајте ги колку се тврди бидејќи доколку истите ви омекнат многу,
слаткото нема да ви изгледа убаво, бидејќи складираните дуњи во тегла со текот на
времето ќе се распаднат.

Откако дуњите ќе се сварат. Складирајте ги во стерилизирани тегли заедно со
шербетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот