Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

Фото: Архива

-Обвинетиот, на 09.12.2019 година, провалил во куќа на улица „Финска“ во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По кратко пребарување, одзел златен накит во вкупна вредност од 63.960 денари- стои во соопштението од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот