Скопјанец обвинет за полов напад врз 12-годишно дете

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно опреелената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи сè уште постојат истите основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото​.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот