Скерлев за состојбата во В. Британија: Илјадници пензионирани лекари и сестри се враќаат на работа

Новинарката Жанета Скерлев во јавување на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека конечно британскиот премиер Борис Џонсон презема мерки во борбата со коронавирусот

-Не ме изненади ставот на Џонсон. Кога ги најави мерките мојата реакција беше – Конечно! Имавме премногу лабави мерки. Сето она што се случуваше на остатокот на континентот требаше да се примени и овде во Велика Британија. Се калкулираше како сето ова ќе се одрази на економијата, но кога се виде дека почна да се одразува на здравјето на населението, Борис Џонсон и неговиот кабинет конечно преземаа остри мерки, изјави Скерлев.

Таа истакна дека покрај превземените мерки, пензионирани лекари и медицински сестри се повикани да се вратат на работа.

-Уште е рано да се каже околу расположението, но според една од анкетите над 60% имаат доверба дека Џонсон ќе се справи со кризата. Но луѓето се уплашени. Мерките се – останете дома, нема излегување, еднаш во текот на денот смее да се излезе и тоа најмногу двајца со метар растојание. Полицијата предупредува и спречува. Апел има за 1,7 милиони постари луѓе да останат дома. Илјадници пензионирани лекари и сестри се враќаат на работа. Тотален пресврт за разлика од минатата недела, изјави Скерлев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот