Скерлев: „Ковид – 20“ предизвика вистински „егзодус“ во Лондон

Откривањето на подвидот на вирусот ковид-19, што на социјалните мрежи го нарекоа ковид-20 и фактот што тој се шири за 70% побрзо ја натера владата на Џонсон овој пат да преземе брзи потези и да блокира голем дел од југоисточниот дел на островот, со најава дека за Нова година цело Обединето кралство ќе биде сосема блокирано, односно ќе се влезе фаза 4, што значи се е е затворено, изјави во Утрински брифинг директно од Лондон, новинарката Жанета Скерлев. На почетокот овие вести беа примени со револт, затоа што кога Џонсон објави дека ќе се затвори Лондон, настана вистински егзодус во градот. Колоните неверојатни, се излезе од дома. Се купуваа карти, железниците и аеродромите се преполни, сите брзаа да излезат од градот, па дури се создаде и нова фраза за нас лондончани – ковид – идиоти, вели Скерлев. Во рамките на Брегзит сето ова излезе како нормално, но се создава и една конфузија, бидејќи она што се случува со снабдувањето – се гледаат километарски колони кон пристаништата. 20% од снабдувањето на Велика Британија се обезбедува од остатокот од Европа. Ова во голема мера се должи и на паничното однесување на министерот за здравство кој рече дека ситуацијата е драматична, па така се укинуваа летови за Велика Британија, изјави Скерлев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот