Сите земји од Западен Балкан на „зелена листа“ на Австрија

Виена, Австрија/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на епидемиолошката „зелена” листа на Австрија.

Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија и Северна Македонија, како и Албанија, беа на „зелената” листа, а сега ќе се наоѓаат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Патниците кои пристигнуваат од земјите на „зелената” листа можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат сертификат за извршена вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон) и Светската здравствена организација (кинеските Синофарм и Синовак).

Руската вакцина Спутник В не е прифатена од австриските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот