Сите зборуваат за ЧУДЕСНИОТ ЃЕРДАН што Моника Белучи го носеше во Кан (ФОТО)

Instagram

Моника Белучи на црвениот тепих во Кан се појави закитена со смарагден и дијамантски ѓердан на „Картие“, направен во знак на сеќавање на мексиканската глумица Марија Фекликс.

Овој посебен накит бил правен 2.300 часа, а за негова изработка биле употребени бело злато, дијаманти, и смарагди и тоа не обични.

Белучи на престижниот филмски фестивал имаше чест да го носи ѓерданот „Maria Felix Tribute”, кој претставува крокодил кој е прикажан толку реалистично што „може да се замисли како оди“.
Овој посебен накит е составен од 46,45 каратни дијаманти и смарагди, а дел од нив се навистина ретки и потекнуваат од Колумбија. Ѓерданот има и историска вредност бидејќи содржи и Наполеонови дијаманти.

Ѓерданот во 1975 година го носела Марија Феликс. Бил направен според крокодилот миленик на познатата глумица, кого таа дури го донела во работилницата за да биде сигурна дека дизајнерите верно ќе го пренесат идентитетот на нејзиниот миленик на накитот.

Освен Марија Феликс, само една личност го носела ѓерданот и оттогаш се чува како експонат во „Картие“.
Моника Белучи имаше чест да ја оживее оваа приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот