Синот на Роналдињо на проба во Барселона

Фото: Screenshot

Славниот Роналдињо остави длабока трага во Барселона каде што помина фантастични моменти од неговата кариера.

Многу мајстории од неговите настапи во каталонскиот дрес кој секогаш го носеше со широка насмевка ќе останат вечно запаметени. Сега дојде време во Каталонија да се провери квалитетот на уште еден Азис Мореира.

Синот на Роналдињо, Жоао Мендеш кој има 17 години доби шанса да биде на проба во тимот на Барселона до 19 години. Најавите од шпанските медиуми се дека ако се биде како што треба тој ќе потпиша договор до 2025 година.

Претходно Мендеш беше дел од Крузеиро, а откако заврши приказната со бразилскиот гигант му се отвори можност да биде дел од една од најславните клубови во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот