Синер немоќен во финалето: Ѓоковиќ издоминира за седма титула во Торино!

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Новак Ѓоковиќ со фантастична игра и 2:0(6:3, 6:3) во сетови го прегази Јаник Синер и стигна до својата седма титула на завршниот Мастерс во Торино.

Од самиот старт можеше да се забележи мотивираноста на Ѓоковиќ да се реваншира на Синер за поразот во групната фаза, а против ваков Ѓоковиќ домашниот тенисер едноставно немаше шанса.

Победата на Ѓоковиќ беше најавена со првиот брејк во четвртиот гем кога најдобриот светски тенисер поведе со 3:1. До крајот на првиот сет Ѓоковиќ сигурно го чуваше својот сервис и за 38 минути игра поведе со 1:0.

 

Фуриозно го започна Ѓоковиќ и вториот сет па уште на стартот со брејк поведе со 1:0. Најголемата шанса Синер да се врати во мечот ја пропушти во шестиот гем кога испушти две брејк топки во низа, а Ѓоковиќ успеа да се врати и да го добие сетот за 4:2. До крајот Ѓоковиќ не беше убедлив како во првиот сет, но Синер правеше грешки во клучни моменти, а тоа Ѓоковиќ го искористи за да го освои сетот со 6:3 и да дојде до титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот