Силниот ветер го прекина извозот на руска нафта од пристаништата на Црното Море

Архива на СП

Поради силниот ветер, брзина од 40 метри во секунда, висината на брановите во Црното Море се зголеми на 6-8 метри, па танкерите со нафта ги напуштија црноморските пристаништа на Русија.

Испораките беа прекинати на сите извозни терминали – во пристаништата Новоросијск, Туапсе и Таман. Самите танкери го напуштија брегот. Прекинато е товарењето на нафта на поморскиот терминал КРК, „цистерните се пренасочени во областа т.н. “чекална”. Резервоарите на компанијата се практично полни. „Приемот на нафтата се врши во намален режим“, соопштија од Конзорциумот за нафтоводот Касписки, објави Политика.

Неколку танкери со нафтени деривати на компанијата „Транснефт“ се закотвени во Новоросијск, во област целосно заштитена од невремето. Во пристаништата Таман и Туапсе воопшто нема танкери, пренесува Спутник. Во околината на Новоросијск, повеќето пловни објекти излегоа надвор од територијалните води на Русија. Повеќе од триесет танкери се натрупани во областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот