Силјановска не видела што направил Трајко Славески, но во минатото гледала дека е џентлмен

Фото: ТВ21/принтскрин

„Не сум го видела настанот, меѓутоа во минатото сум гледала џентлменски однос на господинот Трајко Славески и особено на господинот Мицкоски. Од него не слушнавне ниту еден навредлив збор за Данела Арсовска, вели пратеничката Гордана Силјановска-Давкова околу актуелните превирања во Советот на Град Скопје околу ЈСП и јавниот превоз во градот.

-Говорам пред сѐ за моето кусо парламентарно искуство – навистина уште многу време е потребно за родова активност и ние жените имаме голема вина за тоа, бидејќи ако не се почитуваме себеси, ако не дадеме солидарност на женската рамноправност… Мислам доаѓа времето на жените и ако тоа не го сфатиме, се откажуваме од многу ум и креација, реле Силјановска-Давкова вечерва во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Вчера претседателот на Советот на град Скопје Славески на вонредната советничка седница се симна од своето место и ѝ го одзеде микрофонот на Арсовска, откако таа претходно му го укина копчето за регулирање на говорите.

-Сите се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување се малтретираме овде, ѝ рече Славески на градоначалничката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот