Силекс и Македонија ЃП финалисти во Купот на Македонија

Македонија Ѓорче Петров/Фото: facebook/ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

Денеска се одиграа полуфиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија, Силекс со 1:0 го совлада Пелистер, а екипата на Македонија ЃП после пенал серијата ја елиминираше Струга Трим Лум.

Второлигашот Силекс кој е на добар пат да се врати во елитата следната сезона, триумфираше со голот на Антонио Каланоски во 36 минута.

На дуелот Струга Трим Лум – Македонија ЃП немаше голови во регуларните 90 минут, по што победникот беше одлучен по ударите од белата точка. Во пенал серијата „лавовите“ од Ѓорче Петров славеа со 4:2.

За Силекс од Кратово, кој е бранител на титулата од минатата сезона, ова ќе биде петто куп финале. Трипати беше шампион во ова натпреварување во 1994, 1997 и 2021 година.

За Македонија ЃП ова ќе биде четврто куп финале, единствениот трофеј го има во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот