Сијарто: Европската комисија покажува „нови симптоми на унгарофобија”

Орбан гласаше во друштво на сопругата Фото: Profimedia

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Европската комисија за „антиунгаризам” и двојни стандарди, поради нејзината намера да го блокира доделувањето средства на унгарските универзитети во рамките на програмата за размена на студенти Еразмус.

По средбата со турскиот министер за национално образование, Махмут Озер, Сијарто рече дека постапките на Брисел се неприфатливи и неосновани.

Мислам дека ова е ужасен показател за двојни стандарди, рече Сијарто.

Тој ги обвини европските претставници дека покажуваат „нови симптоми на унгарофобија”.

На 10 јануари, Европската комисија одлучи да го прекине финансирањето во рамките на програмите Еразмус и Хоризонт за 21 унгарски универзитет управувани од фондации поврзани со владата.

Причина за суспензијата е, како што се тврди, присуството на политички личности и блиски до партијата Фидес во управните одбори, како и нетранспарентноста во користењето на европските фондови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот