Израелски министер вели дека „Хамас го сака Бајден“

Бен Гвир / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир на Икс објави дека „Хамас го сака Бајден“, еден ден откако американскиот претседател рече дека нема да го снабдува Израел со офанзивно оружје што земјата може употреби за напад на Рафах.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Бајден вчера рече дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел и дека ќе го снабдат со ракетни пресретнувачи Железна купола и друго одбранбено оружје, но не и артилерија и друго оружје и алатки и гранати што биле користени порано, доколку израелските војската „оди“ во Рафах.

Бен Гвир употреби емотикон срце во објавата која се однесува на Бајден и Хамас и инсистира на воен одговор и се закани дека ќе ја напушти владата доколку Израел не почне голема воена операција во Рафах.

– Има само еден одговор на вежбите и игрите на Хамас: итна наредба да се окупира Рафах, напиша Бен Гвир на Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот