Швајцарија со нови даночни правила од 2022 година – ќе се оданочува и митото

Швајцарската влада денеска одлучи да воведе измени во даночните закони со кои швајцарските компании од 2022 година повеќе нема да можат од даночната основица да го одбиваат митото платено на приватни лица.

Оваа земја е позната по институцијата „банкарска тајна“ и која важи за доверливо прибежиште за пари од странство, па затоа владата одлучи да задржи даночни одбитоци за некои прекршоци. Така странските парични казни ќе може да бидат одбиени од данокот, ако не се во склад со швајцарската политика.

„Како и досега, домашните казнени санкции, односно паричните казни и административните санкции, ниту во иднина нема да можат да се одбиваат од данокот. Од друга страна, странските казнени финансиски санкции ќе може да се одбиваат од данокот во исклучителни случаи, ако ја кршат швајцарската политика или ако фирмата веродостојни докаже дека ги презела сите оправдани чекори за да биде во склад со законот“, објаснува швајцарската влада.

Промените по стапувањето на сила на 1. јануари 2022 година ќе бидат во согласност со препораката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) односно нивната Работна група финансиска акција против перењето пари, порачаа од владата.

По последните 20 години,  Швајцарија успеа само малку го ограничи напливот на корупција, преку криминализација, на пример, на давање мито на странски јавни службеници во раните 2000-ти. Во 2001 година им забрани на компаниите да го одземаат од даночната основица мито на државните службеници.

Забраната за поткуп на физички лица не можеше да се спроведе подолго време поради реакции на некои политички партии. Работејќи на законот со години, митото сега е забрането, но само во случај на нарушување на еднаквата пазарна конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот