Швајцарија се соочува со недостиг на алкохол и дезинфекциски средства

Швајцарија, која пред две години ја укина праксата за правење залихи алкохол за можни вонредни состојби, се соочува со недостиг на оваа суровина и средства за дезинфекција, направени на база на алкохол.

Швајцарија складираше разни суровини и производи за можни вонредни состојби, вклучително и алкохол подолго време. Сепак, во 2018 година, оваа земја ја прекина праксата за складирање 10.000 тони алкохол, со цел да го приватизира пазарот за овој производ.

Оваа одлука придонесе за сегашниот недостиг на средства за дезинфекција во Швајцарија, кои луѓето ги купуваа во големи количини, правејќи резерви. Таквата ситуација е стимул за дестилериите, винариите, па дури и пиварниците да се вклучат во производството на алкохол.

Некои швајцарски политичари изразија незадоволство од укинувањето на праксата за складирање алкохол и истакнаа дека прашањето мора да се реши веднаш откако ќе помине кризата предизвикана од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот