Швајцарија не ѝ ги дава тенковите „Леопард“ на Украина, се повикува на воената неутралност

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Швајцарија стави вето на планот за извоз на речиси 100 стари борбени тенкови Леопард во Украина, повикувајќи се на законот за неутралност, пишува лондонски „Фајненшл тајмс“ (ФТ), кој додава дека одлуката е донесена токму во моментот кога влегува во одлучувачка фаза офанзивата на Киев против окупаторските сили на Русија.

„Ветото на Берн веројатно ќе предизвика гнев кај европските сојузници на Швајцарија, кои со месеци вршеа притисок врз нејзината влада да го ублажи своето рестриктивно толкување на нејзината долгогодишна политика на неутралност“, наведува ФТ.

Тие тенкови никогаш не биле во употреба во Швајцарија, не биле ни наменети за нејзината армија, ниту пак се наоѓаат во таа земја. Сите 96 се складирани во Италија од 2016 година, кога швајцарскиот производител на оружје Руаг ги купи од италијанската армија во приватна трансакција.

Федералниот совет – седумчлената извршна власт на швајцарската влада – во средата заклучи дека продажбата на тие 96 тенкови на Украина не е можна според швајцарскиот закон бидејќи тоа би било во спротивност со Законот за воен материјал и „би значело швајцарско отстапување од политиката на неутралност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот