Што се треба да направите за да бидете добар директор!

Веб-страницата „Glassdor“, којa им овозможува на вработените преку нивната платформа анонимно да ја оценат компанијата во која тие работат, спроведе студија според факторите за кои вработени сметаат дека е најважниот предуслов за еден да се биде успешен извршен директор – Главен извршен директор. Истражувањето беше спроведено во пет земји: САД, Велика Британија, Канада, Франција и Германија.

За студијата „Glassdor“ ја искористи својата база за оценка на директорите, која ја комбинираше со шест фактори: културата и вредностите на компанијата, изборот на топ-менаџментот, надоместот и бенефициите, кариерата, позитивните изгледи за работење и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот.

И покрај различните бизнис култури во овие пет земји, изборот на највисокото раководство беше главен фактор во оценувањето, проследено со позитивна бизнис перспектива и култура и вредности на компанијата. Кога една компанија има поволна финансиска состојба и кога компанијата ги поттикнува јасните вредности, тогаш вработените го оценуваат нивниот извршен директор со повисок рејтинг.

Најмалку важен фактор во сите земји е рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, што може да се објасни со фактот дека работниците се повеќе подготвени да го жртвуваат малку приватниот живот, со цел да работат во поуспешна компанија.

САД

Една четвртина од испитаниците во САД како најважен фактор го издвоиле изборот на добро огранизираниот топ-менаџментот, а потоа следи позитивната култура и вредностите за кои се определиле 21 отсто од испитаниците, како и добрите перспективи за бизнисот на компанијата со 20 проценти.

На последните три места се најдоа можностите за кариера, компензацијата и бенефициите, како и рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот, кој се најде на последното место со девет проценти.

Велика Британија

Трите главни фактори кои беа присутни во САД, исто така, се наоѓаат на првите три места во Велика Британија, но со малку поинаков редослед. На прво место останува изборот за топ-менаџмент со 24 проценти, но добри изгледи за бизнис сега се на второ место со 20 проценти, а со еден процент помалку е позитивната култура и вредностите.

Билансот помеѓу приватниот и деловниот живот остана тука на последното место со девет проценти, а пред него се можностите за кариера со 16 проценти и факторот плати и другите придобивки со 12 проценти.

Канада

Кога станува збор за Канада, доброто раководство повторно е на врвот на листата со 24 проценти, додека позитивните изгледи за водење бизнис е на второ места со 22 отсто, културата и вредностите се на трето место за кои се одлучија една петтина од испитаниците.

И во Канада, рамнотежата на приватниот и семејниот живот и можноста за компензација и факторите на корист се оние за кои се одлучи најмал број од испитаниците.

Франција

Околу една третина од испитаниците во Франција го гледаат изборот на добар топ-менаџмент како главен фактор за успешен извршен директор, додека второто и третото место се културате и вредностите и добариот изглед за бизнис. Само 6 проценти од испитаниците гледаат на рамнотежата на приватниот и деловниот живот како најважен фактор.

Германија

Една четвртина од вработените во Германија ја гледаат соработката со највисокото раководство како најважен фактор, додека културата и вредностите и добриот изглед за бизнис се еднакви или 21 процент. На четвртото место е можноста да напредуваат во кариера со 15 отсто, проследено со надоместот и бенефициите со 10 отсто и рамнотежата на приватниот и деловниот живот со осум проценти.

Ако сакате да бидете успешен извршен директор од „Glassdor“, ви препорачуваат да се опкружувате со искусен топ-менаџмент кој ќе ги собере квалитетни директори кои ќе обезбедат раст на компанијата. Тие треба да им дадат пример на вработените и да ги поттикнат да ја почитуваат културата, мисијата и вредностите на компанијата. Главниот извршен директор кој ќе ја оствари мисијата на неговата компанија ќе биде попочитуван од неговите вработени кои ќе се чувствуваат пооптимистички за деловните предизвици и напредокот на компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот