Што се случува сезонава со три фудбалски великани: Лион, Базел и Ајакс?

фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

Како и секоја година, во бројни фудбалски првенства ширум Европа, имаме екипи кои неочекувано се блиску до врвот на табелата во првиот дел од сезоната. Секако, често се случува и обратно, гигантите да имаат проблеми, но изгледа ситуацијата никогаш не била како оваа сезона.

Имено, дури три големи европски клубови, кои се меѓу најтрофејните во своите земји, се моментно на дното во своите првенствени табели.

Во „Лига 1“, Лион, кој седумпати беше шампион на Франција, по девет одиграни натпревари е на последната 18 позиција со три бодови, единствениот без триумф.

Потоа, Базел, кој 20 пати беше првак на Швајцарија, по 10 одиграни мечеви во првенството е на последното 12 место со пет бодови и само едно една победа.

Ајакс, кој 28 пати беше шампион на Холандија, по седум одиграни натпревари е на претпоследната 17 позиција со пет бодови и до сега само еден запишан триумф.

Ајакс, кој нема победа од август годинава, осум натпреари по ред е без победа, 17 место е најнискиот пласман во клупската историја. Вкупно 22 бодови зад ПСВ, со гол разлика 11:16.

После ваквиот катастрофален старт на сезоната, Ајакс денеска донесе одлука да се раздели со тренерот Маурис Стејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот