Што прави денеска: Владимир Четкар, музичар

владимир четкар
Владимир Четкар / Фото: Maya Chose

Музичарот Владимир Четкар го освојува светот со својата гитара и веќе се вбројува меѓу најистакнатите имиња во светот џез-соул-фанк музиката. Познатиот охриѓанец маѓепса бројни врвни музички критичари ширум светот кои се воодушевени од неговиот жар и единствен звук.

Четкар со години е доследен на својата способност беспрекорно да ги комбинира своите таленти како композитор, гитарист, вокалист, аранжер…

владимир четкар
Владимир / Фото: Arron Bound

Охрид е во неговото срце, а Њујорк е неговиот музички дом. Овој инспиративен човек е постојано на пат и има бројни музички аранжмани ширум светот, ама, успеа да одвои малку време за да ни раскаже како изгледа еден негов ден.

„Моментално се наоѓам во Мајами каде пред неколку со концертот во Нортон Музејот на уметност во Вест Палм Бич ја завршив зимската турнеја во САД. Изминативе недели имав доста напорен период со настапи, проби и интензивни патувања низ Америка па овие денови конечно малку одмарам и уживам во прекрасното време во Флорида. Сабајлево станав и си спремив прекрасно органско колумбијско кафе и си го пиев полека уживајќи во тропските звуци, мириси и бои околу мене.

владимир четкар
Владимир / Фото: Maya Chosе

Потоа повежбав 45 минути, се истужирав и така освежен заминав на целодневна прошетка низ населбите Винвуд и Брикел во Мајами кои апсолутно ме воодушевуваат. Секогаш во зависност од тоа каде се наоѓам се трудам да направам добра агенда и да го искористам времето најдобро што можам.

На овој начин секогаш учам нешто ново и станувам побогат со искуства и спомени. Поради природата на мојата работа, но и поради мојот авантуристички карактер константно патувам уште од моите тинејџерски денови и така многу рано сфатив дека човекот најдобро може да се спознае себеси само кога е постојано во движење.

Патувањето е благослов кој истовремено го гради вашиот космополитски карактер, но и го јакне вашето чувство на припадност и љубов кон татковината. Мојата песна „Travel The World“ е посветена токму на ова“.

владимир четкар
Владимир / Фото: Maya Chose

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот