Што открива бојата што ја носите за вас?

Одредени бои можат да влијаат на впечатокот што го оставате. 

Новата студија од Велика Британија открива дека боите што ги носите во одредени ситуации можат да имаат големо влијание врз исходот на истата ситуација. Студијата открила и кои бои е најдобро да ги изберите за вечерно излегување, кои бои се најдобри за во теретана, а која – за да бидете поуспешна на работа.

Од испитаните 1.500 Британци, 43 отсто од нив рекле дека црната боја е најдобриот избор кога е во прашање облека која треба да ја носите на разговор за работа, а исто така сметаат дека е најдобар избор и за важни деловни состаноци.

Црвената боја е најдобра за жените кои го бараат „совршениот маж. Што се однесува на вечерното излегување, 12 отсто од испитаниците сметаат дека сребрената е најдобра боја за носење ако сакате добро да се забавувате, а сината ќе ве поттикне да вежбате повеќе во теретана или почесто да одите на тренинзи.

Студијата, исто така, открила дека дури 76 отсто од нас не се многу свесни за впечатокот кои одредени бои го оставаат за нас. Дури 42 отсто од испитаниниците признале дека судат за луѓето врз основа на бојата што ја носат, речиси четвртина од испитаниците мислат дека тие што носат бело се претенционзни, а огромното мнозинство се изјаснило дека мажите што носат розова боја се посигурни во себе.

Психологот Беки Спелман, која била вклучена во истражувањето, рекла – Цела серија на психолошки, културни и историски причини нè потикнуваат да реагираме на одредени бои. На пример, во целиот свет црвената боја се поврзува со силни емоции, како што се бес и страст. Тое е лесно да се разбере, затоа што црвената боја е бојата на крвта, па оттаму асоцијата на лутина и насилство. Бојата на гардеробата која ја одбираме можеме да ја користиме за комуникација без зборови. На пример, ако некој се облекува со многу светли бои, барем на некое ниво се вели дека тие сакаат да бидат видени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот