ШТО ЌЕ ЗАМИСЛИ ТОА ЌЕ МУ СЕ ИСПОЛНИ: Момче од БиХ е првиот во регионот кој има протеза со која управува со помош на мислите (ФОТО)

Фото: Кликс.ба

Ермин Омеровиќ (19) од Јајце, БиХ е првиот пациент во регионот на кој му е вграден вид на вештачка протеза, која го достигнува врвот на современата технологија.

Операцијата е напавена во Клиниката за ортопедија и трауматологија, пренесува Блиц.рс.
Шефот на оваа Клиника, Џемил Омеровиќ, рекол дека Ермин доживеал ретка повреда која за последица оставила траен инвалидитет кај 19. годишното момче.

Како што рекол Омеровиќ, следувале бројни подготовки, а потоа и операција која резултира со најдобри резултати. Со ова помагало може да се управува преку мислите, а станува збор за помагало кое за првпат се појавува не само во БиХ, туку и комплетно во целиот регион.

Фото: Кликс.ба

Ермин со оваа протеза има можност за 14 видови на различни движења. Синхронизирано може да управува со двете раце, а кога ќе замисли одредено движење, тоа и се остварува, пишува Кликс.ба.
За време на конференција за новинар, Ермин ги демонстрирал можностите на вградена протеза, блафодарение на која му се вратил на нормалниот живот.

– Денеска имам 14 функции преку кои раката се прилагодува кон моите потреби. Им благодарам на сите – изјавил Омеровиќ.

Ја демонстрирал работата на помагалото и на лаптоп, така што напишал: „Ермин ви е благодарен на сите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот