Што е подобро да земате за добар сон – мелатонин или магнезиум?

Фото: Профимедиа

Мирниот сон му е потребен секому, бидејќи телото преку ноќ одмора по напорното и стресно секојдневие за да може квалитетно да се соочи со секојдневните предизвици и обврски.

Во желба добро да се наспиете, сигурно сте посегнале по мелатонин со надеж дека ќе ви помогне? Ова не е невообичаено, а откако трае пандемијата, овој додаток станува сè попопуларен, а се чини и дека ги има многумина што ја зголемиле дозата што ја земаат. Мелатонинот е хормон што природно го произведува епифизата, мала жлезда со големина на грашок лоцирана во средината на мозокот. Мелатонинот, покрај влијанието на сонот, има и антиоксидантно дејство, а се користи и како проверена и барана супстанција против стареење. Последица на зголемувањето на нивоата на мелатонин во крвта е сонливост и на крајот заспивање. Но, денес, експертите имаат нешто повеќе да кажат за употребата на овој суплемент.

Зошто мелатонинот не може да ви помогне да спиете цела ноќ?

Пред сè, затоа што мелатонин е хормон што го произведува телото, а кој ни кажува дека е време за одмор и може да ни помогне да стекнеме навика секој ден да одиме во кревет во исто време. Но, не постојат конкретни докази дека мелатонинот го подобрува квалитетот на сонот.

Психијатарот Роберт Роунтри изјавил дека мелатонинот прави една работа многу добро, а тоа е дека точно му сигнализира на мозокот дека е време за спиење, но не е толку добар во одржувањето на сонот.
Исто така, многу е важно да се биде многу внимателен кога се користат суплементи со хормони. Доктор Сема Бони додава дека е важно да се знае дека станува збор за хормон, а користењето на секој хормон на дневна основа може да го намали производството на хормони во телото.

Што да користиме наместо мелатонин?

Ако сакате да користите додатоци што ќе ви помогнат да спиете цела ноќ, размислете за користење магнезиум, кој го поддржува квалитетот на сонот.
Магнезиумот е неопходен за човечкото здравје и учествува во повеќе од 600 биохемиски процеси во организмот. Меѓу другото, придонесува за правилно функционирање на мозокот, срцето, мускулите и коските.

Магнезиумот влијае врз нервниот систем со блокирање на молекулите што предизвикуваат „возбуда“ да се врзат за невроните, што резултира со смирување на вашиот нервен систем. Исто така, во практика се покажа дека магнезиумот помага во ублажување на симптомите на анксиозност и депресија, состојби што можат да имаат негативно влијание врз спиењето. Анксиозност, депресија или ментална конфузија често се појавуваат поради недостиг на магнезиум во телото. Ако вашата несоница е поврзана со овие нарушувања на расположението, тогаш магнезиумот може да помогне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот