Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Love & Anarchy – Серија на „Netflix“

Оженет консултант и млад ИТ техничар си поставуваат предизвици што ги доведуваат во прашање општествените норми во флертувачка игра што доведува до несакани последици…

Жанр: романтична комедија / IMDB оценка: 7.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Grey Gardens – Филм на „HBO“

Приказна за животите на Едит Бувие Бил и нејзината ќерка Едит, тетка и братучетка на Жаклин Кенеди Оназис.

Жанр: историска драма / IMDB оценка: 7.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

Toscana – Филм на „Netflix“

Кога еден готвач од Данска патува во Тоскана за да го продаде бизнисот што го наследил од својот татко, запознава инспиративна жена која го тера да го преиспита својот пристап кон животот и љубовта.

Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 5.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 60%

Barry – Серија на „HBO“

Бери, кој убива за да заработи за живот, ја открива радоста на глумата додека го бара својот таргет. Изненадувачки, тој толку многу се посветува на тоа што е подготвен да го остави стариот живот зад себе.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 99%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот