Штипјанец во заложништво држел жена и нејзините две малолетни деца

Фото: МИА

Против 26-годишниот А.М. од Штип поднесенае е кривична пријава поради постоење  основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.

– Во временскот период од 11 април  до 22 април  пријавениот противправно ја држел оштетената Е.М. заедно со нејзините две малолетни деца во стан на улицата „Борис Крајгер” и во куќа на улица „Широк дол” во Штип, каде во повеќе наврати физички ја нападнал, а извршил и обљуба над оштетената. На 22 април околу 13.30 часот на ул „Широк Дол” во Штип, при вршење службени работи лишување од слобода на пријавениот, тој физички нападнал полициски службеник од Полициската станица Штип – вели  Панајотова.

Таа додава дека СВР-Штип до Основното јавно обвинителство има поднесено кривична пријава против А.М од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода”, „силување” „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот