Штериев бара дополнителни списи од ЈО за Јанева - Слободен печат

Штериев бара дополнителни списи од ЈО за Јанева

Од понеделник, откако ќе се достават дополнителни списи кои недостасуваат, Советот на јавни обвинители ќе решава по извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата за „Рекет”.

Претседателот на Советот Коле Штериев, вчера за МИА информираше дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Извештајот, подготвен од Обвинителството, кое го предводи Вилма Русковска содржи преглед на настаните и преземените дејствија во врска со досегашните мерки за „Рекет”, за кој осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Прочитајте и...  Мицкоски: Ова е време кога Заев се ослободува од поткуп

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Советот на јавни обвинители треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тојј се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Од друга страна, претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

Обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја”,прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, вчера рече дека има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител но, како што нагласи, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинител. Според неа, СЈО во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање.Упати апел до политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките.

Прочитајте и...  Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Прочитај повеќе

Кина и Јапонија одложуваат важни настани поради коронавирусот

Слободен печат

Дали плаќате со пари или картичка? Еве што не тера да трошиме

Слободен печат

Николовски: На Македонија и е потребна стабилност и мир – новото раководство на ВМРО- ДПМНЕ наметнува еден друг стил на однесување

Слободен печат

На Водно викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање

Слободен печат

Британските болници преземаат нови мерки – подготовка за можна епидемија на коронавирусот

Слободен печат

Зеќири: Отворени сме за предизборна коалиција со албански партии

Слободен печат

Остави Коментар

седумнаесет + девет =

Прочитај повеќе

Југозападниот дел од Гевгелија денеска седум часа без струја

Слободен печат

Имаме 536 пожарникари помалку од законските потреби

Слободен печат

Како грчките медиуми известуваа за распуштањето на македонското Собрание

МИА Агенција

Зеќири: И покрај притисоците донесовме Закон зад кој стојат САД и ЕУ

Слободен печат

Кинески весник тврди дека Си Џинпинг знаел за епидемијата на коронавирусот неколку недели пред јавноста

МИА Агенција

Јовановски: Партиите да се тргнат од популизмот – да се насочат кон пот и солзи

Слободен печат